ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Утре наутро посебен сообраќаен режим во Скопје

Утре наутро посебен сообраќаен режим во Скопје

189

Поради одржување атлетска трка, утре во Скопје на неколку часа во сила ќе биде посебен режим на сообраќај.

Во интервал од 6:30 до 11:30 часот наутро, кога ќе се одржува трката, по сообраќајниците каде што ќе се движат натпреварувачите мерки за посебен сообраќаен режим ќе преземе Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје.

„Притоа, стартно – целната позиција на трката е од бул. ‘Јане Сандански’ (десна коловозна лента), потоа на потегот од крстосница со бул. ‘Србија’ и бул. ‘Видое Смилевски Бато’ до крстосница со ул. ‘Владимир Комаров’, на дел од ул. ‘Васко Карангелевски’ (во двете насоки на движење), на потегот од крстосница со бул. ‘Јане Сандански’ до крстосница со бул. АСНОМ како и на дел од бул. АСНОМ (десна коловозна лента) и на потегот од крстосница со бул. ‘Киро Глигоров’ и бул. ‘Србија’ се до крстосница со ул. ‘Васко Карангелевски’“, информираат од МВР.

Скопската полиција апелира граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници.