Серија инциденти го нарушија и денешното полагање на вториот испит од државната матура.
Од препишувања, споделување на тестот во вибер групи, до вербален напад на тестатор од родител на дете препишувач ставија дамка на полагањето. До нашата редакција стигнаа и реакции на повеќемина граѓани кои укажуваат на неправилности. Во училиште во Кичево наместо тестатори, полиција патролорала помеѓу учениците,
Неколку изолирани случаи на препишување, повторно ставија дамка на полагањето државна матура. Станува збор за споделени тестови по математика и англиски јазик во вибер групи. Случајот веднаш бил откриен а препишувачите отстранети од испитот.
Директорката на Државниот испитен центар, Билјана Михајловска нагласува дека биле преземени мерки за отстранување на можноста за препишување, но итрите матуранти повторно се снашле.
Мислењата на матурантите се поделени, за едни е тежок, за други пак лесен испитот. Поделени се и околу можноста за препишување.
Голем дел од оние кои зборуваа пред камерата на Канал 5, но и тие кои не сакаа да се снимаат, рекоа дека во иднина се гледаат во странство
Вториот екстерен испит е изборен, а матурантите можеа да бираат кој предмет ќе го полагаат – англиски јазик, математика, германски јазик, француски јазик, естетика, руски јазик и филозофија.
Најголем дел се пријавиле за полагање англиски јазик или 13 198 матуранти.
Државниот испитен центар (ДИЦ) треба да ги објави резултатите од двата екстерни испита најдоцна до 8 јули.