ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Тешко повреден патник кој паднал во автобус во Скопје

Тешко повреден патник кој паднал во автобус во Скопје

422

Повозрасен скопјанец е тешко повреден откако паднал во автобус на ЈСП.

„Вчера во 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Димитриј Чуповски“ во Скопје, при кочење на приватен автобус за јавен превоз, паднал патникот Р.М.(74) од Скопје и се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ “, информираат од МВР.

Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје.