ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Апасиев реагира: Во 21:20 часот, Гаши закажа Седница за во 22:00 часот

Апасиев реагира: Во 21:20 часот, Гаши закажа Седница за во 22:00 часот

82

Пратеникот и лидер на Левица објави на својот профил, како косоварскиот балист Африм Гаши, избран за претседател од ДПМНЕ, закажува итна седница во рок од 40 минути, за да го продолжи шверцератот за реструктирање на Владата и министерствата на предлог на Мицкоски.

Еве како Африм Гашиси го замислува македонското Собрание. Во 21:20 закажува седница за во 22:00 часот! Сета среќа јас живеам во Скопје, ами еве во Охрид да живеев – три саата ти треба најмалце за да стигнеш!? – напиша Апасиев.

Апасиев додаде дека нешто и гори на новата коалиција под нозе уште втората седница.

Африме, да не гори нешто у парламентот бе друже, па вака утума шо свикуеш седници бетер од Таљат.