ПОЧЕТНА СВЕТ Талибанците јавно камшикуваа 63 лица, меѓу кои и 14 жени

Талибанците јавно камшикуваа 63 лица, меѓу кои и 14 жени

106

Мисијата на Обединетите нации за помош во Авганистан (УНАМА) го осуди јавното камшикување на повеќе од 60 луѓе во северната авганистанска провинција Сар-е Пол.

Талибанците јавно камшикуваа најмалку 63 лица во вторникот, објави УНАМА на социјалната платформа Икс. УНАМА го осуди физичкото казнување и повика на почитување на меѓународните обврски за човекови права, јавува Асошиејтед прес.

Врховниот суд на талибанците го потврди јавното камшикување на 63 лица, меѓу кои и 14 жени. Тие изјавија дека се работи за лица виновни за различни кривични дела, меѓу кои содомија, кражби и неморални односи. Камшикувањето се случило на спортскиот стадион.

И покрај првичните ветувања за поумерено владеење, талибанците почнаа да спроведуваат строги јавни казни – егзекуции, камшикување и каменување – набргу по обновувањето на власта во 2021 година. Казните се слични на оние за време на претходното владеење на талибанците кон крајот на 1990-тите.

Претходно оваа година, талибанците извршија јавна егзекуција на човек осуден за убиство додека илјадници гледаа на стадион во северната провинција Јавзјан. Братот на убиениот го застрелал осуденикот пет пати со пушка. Тоа беше петто јавно погубување откако талибанците ја презедоа власта во август 2021 година.