ПОЧЕТНА ЗАБАВА Освоила милионски џекпот, но направила грешка- сите пари ѝ ги зел поранешниот...

Освоила милионски џекпот, но направила грешка- сите пари ѝ ги зел поранешниот сопруг

790

Добивањето на лотарија може да доведе до проблеми ако се обидете да го скриете од вашиот сопружник или дури и од поранешниот.

Дениз Роси од Калифорнија го дознала ова на потешкиот начин. Таа останала без џекпот од милион долари, кој не го пријавила во текот на бракоразводната постапка, пренесува Unilad.

Нејзината приказна повторно е актуелна и се случила на крајот на 1996 година. Тогаш Денис поднела барање за развод, по 25 години брак.

Проблемот е што таа не го пријавила целиот имот на суд, односно „заборавила“ да го спомене џекпотот од 1,3 милиони долари.

Две години подоцна, Томас Роси ја дознал оваа „ситница“, откако дошол до писмо од компанијата задолжена за исплата на добивката.

Тоа ѝ било упатено на поранешната сопруга со образложение за „паушални исплатени награди“. Човекот не губел време, ангажирал адвокат и ја извел Денис на суд.

На крајот била пресудена во корист на тужителот, а жената морала да плати 20 годишни рати од 66.800 долари.

Тоа значи дека се збогувала со целата добивка!

Нејзиниот адвокат ја нарече казната „премногу сурова“, додека судот објасни дека Дениз не го почитувала законот.

„Да ја пријавела добивката, можевме да тврдиме дека е посебна сопственост. Или би се воделе судски спорови и на крајот би се договориле. Вака остана без сѐ“, изјави адвокатката Коноли Оилер.