ПОЧЕТНА СВЕТ Јавна реакција на Грција: Заменик амбасадорката побара да се почитува договорот од...

Јавна реакција на Грција: Заменик амбасадорката побара да се почитува договорот од Преспа

89

Грција директно денеска во Скопје побара од претседателката на државава, Гордана Сиљановска Давкова и идната Влада да го почитува договорот од Преспа.

Заменик амбасадорката на Грција во земјава, Георгиа Андреади, на настан посветен на европската интеграција на земјава на кој говореа претседателката на државата, но и претставници на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ, СДСМ, ДУИ, зеде збор и потсети дека договорот од Преспа е меѓународен обврзувачки договор за земјава.

-Што се однесува до Грција институциите не се исто со личноста. Во едно демократско општество кога институцијата се преклопува со личноста, не може да биде демократско општество. – порача Андреади по што го напушти настанот..

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Муцунски оцени дека изјавите од Грција треба да се гледаат во контекст на претстојните избори, а пртседателката Сиљановска претходно оцени дека заканите со вето од Мицотакис не се во духот на пријателството..