ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Малолетник со мотор удрил во жена, таа се здобила со тешки повреди

Малолетник со мотор удрил во жена, таа се здобила со тешки повреди

153

На 03.06.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Водњанска“, ул.„Васил Ѓоргов“ и ул.„Јордан Мијалков“ во Скопје, моторцикл „ктм“ со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Скопје, удрил во пешакот С.Ј.(60) од Скопје, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Ј. констатирани во приватна болница.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.