ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Ибраими: Некои од ДУИ веќе се подготвуваат за „Идризово“

Ибраими: Некои од ДУИ веќе се подготвуваат за „Идризово“

209

„Јас не должам ништо на никого во државата или светот, но тие тоа му го должат на Али Ахмети кој сега му е во скутот и сега треба да го заштити од корупцијата и акумулацијата на богатството што го направија во текот на годините“, изјавил пратеникот од ВЛЕН, Зеќирија Ибраими, во емисијата „Топ тема“, коментирајќи ги изјавите на Аријанит Хоџа од Европскиот фронт дека „Ибрахими му должи на ВМРО-ДПМНЕ за случувањата од 2017 година“.

Зборувајќи за тврдењата на Европскиот фронт дека Албанците се омаловажуваат, Ибрахими рекол дека тие не нудат никаков аргумент за нивните тврдења.

„Албанците сега имаат претседател на Собранието, Албанците ќе бидат претставени во владата како и секогаш, што уште треба да направиме за да докажеме дека сме партнери и совладетели и никој не се омаловажува, туку напротив се почитува. Во овој случај, ВМРО-ДПМНЕ заедно со ЗНАМ имаа мнозинство, но не можеа да го испочитуваат барањето една од највисоките функции во државата да им припадне на Албанците. Цениме дека и тие ја почитуваа реалноста, дека Албанците треба да бидат соодветно застапени во владата“, изјавил Ибраими.

Пратеникот, говорејќи за коалицијата предводена од ДУИ, додал и дека тие веќе се подготвуваат за опозиција, а некои и за затворот „Идризово“.

„Ниту тие, ниту било кој во државата не спомнува кој е дел од Охридскиот договор што се прекршува и со што е прекршен легитимитетот на Албанците. Станува збор за „солзи за власт“, бидејќи по 22 години власт не можат да се замислат себеси во опозиција“, вели Ибраими.