Идејата на издавачот Манол Пејков е куќата да се спаси од целосно уривање и да се трансформира во споменик на бугарската култура.
Бугарската фондација на издавачот Манол Пејков од политичката коалиција „Продолжуваме со промената-Демократска Бугарија“ купила 2/3 од куќата на писателот Димитар Талев во Прилеп. Распаднатата куќа на Талев, кој после 1948 година стана еден од најценетите бугарски писатели, стана една од повеажните теми во бугарската јавност. Идеја е таа да се спаси од целосно уривање и да се трансформира во споменик на бугарската култура.
Димитар Талев е роден во 1898 во Прилеп. Учел во бугарското средно училиште во Соплун, студирал медицина и филозоција во Загреб и Виена и словенска филологија во Софија. Меѓу двете светски војни бил поврзан со крилото на Ванчо Михајлов во ВМРО и пропагирал дека Македонија треба да биде во рамките на Бугарија. Окупацијата на Вардарска Македонија во 1941 година од воските на фашистичка Бугарија Талев ја сметал за успешен крај на македонската борба.
Во повоените години бил затворен од македонските власти под обвинение дека ширел великобугарски шовинизам. Излезе од затвор во 1948 година и во времето на Резолуцијата на Информбирото замина во Софија, каде живееше и пишуваше до својата смрт во 1966 година. Три пати е наградуван од владата на Тодор Живков за неговиот придонес на бугарската литература.
Бугарските власти уште во јуни 2023 година донесоа одлука за стекнување на имотот но досега не презедоа конкретни дејствија иако објектот со години е руиниран и пропаѓа.
Пред некој ден бугарската влада го задолжи министерот за култура Најден Тодоров што поскоро да ја истражи можноста и ја започна постапката за купување на родната куќа на писателот Димитар Талев во Прилеп.