ПОЧЕТНА СВЕТ Столтенберг ги отфрли руските закани за ескалација на нападите

Столтенберг ги отфрли руските закани за ескалација на нападите

132

Столтенберг ги отфрли руските закани за ескалација на нападите по одлуката на САД да употребат оружје.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска ги отфрли руските закани за ескалација на нападите откако САД ја овластија Украина да користи американско оружје за цели во Русија.

-Ништо ново. Ова е дел од напорите на рускиот претседател Владимир Путин да ги спречи сојузниците од НАТО да ја поддржат Украина, изјави Столтенберг пред состанокот на НАТО во Прага.

Американскиот претседател Џозеф Бајден и даде зелено светло на Украина да гаѓа цели на руска територија, во регионот Харков, под одредени услови.

Москва започна офанзива во предградијата на Харков, вториот град во Украина кој се наоѓа недалеку од руската граница.

Столтенберг, исто така, ја минимизираше одлуката на американската администрација, нагласувајќи дека западното оружје е веќе доставено без никакви ограничувања за нивната употреба.