ПОЧЕТНА СВЕТ Едногодишно бебе паднало од прозорец на зграда во Австрија, приведени родителите

Едногодишно бебе паднало од прозорец на зграда во Австрија, приведени родителите

171

Детенце (1) паднало од прозорец на станбена зграда во Отакринг, Австрија и се здобило со сериозни повреди на главата.

18-месечното бебе паднало од прозорец синоќа околу 20 часот додека родителите биле во друга соба, зафатени со другото бебе, јавува австриски Курир.

Се качило преку трпезариската маса на прозорецот од кујната и се лизнало надолу.

Како што рече сведокот, детето се обидело да се потпре на саксијата што стоела на прозорецот.

Меѓутоа, бидејќи саксијата не била соодветно потпрена, се превртела и паднала, а момчето полетало по неа.

Малото момче се здобило со сериозни повреди на главата поради што е хоспитализирано и сместено на одделението за интензивна нега.

Според првичните информации, неговиот живот не е во опасност.

Австриската полиција ги приведе родителите поради сомнение дека од небрежност му нанеле телесни повреди на нивниот син.