Вчера во 18.14 часот во СВР Скопје, 43-годишниот П.Б. од Скопје пријавил дека на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходна расправија, бил физички нападнат од тројца малолетници, од кои едниот му се заканил со остар предмет, извести МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.