ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА 1.408 пушки од балканските војни пронајдени кај Битола

1.408 пушки од балканските војни пронајдени кај Битола

141

Во близина на поранешниот гарнизон во Битола, при изведување на градежни земјени работи пронајдени се 1.408 пушки од минатите балкански војни. Пушките се складирани на безбедно од страна на Дирекцијата за спасување Битола, соопшти Центарот за управување со кризи.

Се предупредуваат граѓаните ако случајно пронајдат оружје, бомби, гранати и слични неексплодирани бојни средства (НУС) од минатите војни да не ги поместуваат, туку едноставно да ја пријават локацијата и виденото на 112 во ЦУК, а потоа надлежните за НУС од Системот за управување со кризи безбедно ќе ги отстранат и неутрализираат, согласно стандардни оперативни процедури, соопшти ЦУК.