ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Претреси во струмичко, приведени дилери на дрога

Претреси во струмичко, приведени дилери на дрога

54

На 28.05.2024 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода П.К.(36) и К.К.(40), двајцата од Струмица. При претрес во домот во с.Банско, во кој привремено престојува П.К., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, шприц исполнет со црна материја, насадени стебла од растението канабис и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Додека, при претрес во нивниот дом во Струмица, извршен исто така со судска наредба, а во кој бил затекнат К.К., биле пронајдени одземени марихуана, две дигитални ваги и дробилка со остатоци од марихуана, воздушна пушка „Гамо“ и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.