Четиресет и двегодишен работник од Штип кој ја косел тревата покрај коловозот на експресниот пат Штип-Кочани e тешко повреден откако утрово бил удрен од возило марка „сеат леон“ управувано од 43-годишен возач С.М. од Пробиштип, по што со возилото се превртел.
Двете лица се пренесени во Клиничка болница-Штип. Несреќата се случила на неколку километри на клучката кај Три Чешми.
Во тек е увид од страна на јавен обвинител.