ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Демири: Јас пријавив во Обвинителство за непријатната миризба во хируршките сали

Демири: Јас пријавив во Обвинителство за непријатната миризба во хируршките сали

114

Министерот за здравство Илир Демири на денешната прес-конференција рече дека самиот го повикал Обвинителството да ја следи ситуацијата со затворените хируршки сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Тој вели дека во моментов се чекаат анализи од Германија да покажат дали централните компресорски станици може да бидат вклучени и да работат, и покрај лошата миризба. Интересно е тоа што тој откри дека компресорската станица е во сопственост на Службата за општи и заеднички работи на Владата.

– Некаде од пред 30 години е инсталацијата и тогаш е поставена компресорската станица. Пред еден месец имаше хаварија и се расипа еден од компресорите и доведе до влегување на улје во цевките. Со два компресори ги издувавме комплетно цевките, помина техничкиот преглед од две независни институции. Побарав итно барање од менаџерите да се сервисираат истите компресори.

Во последните осум-девет дена без да има никаква хаварија, едноставно се појавува некоја лоша миризба во дистрибутивната мрежа на кислород и компримиран воздух,поради што веднаш ги повикавме независните фирми. Бидејќи во Македонија нема лабораторија која што ќе може да даде потврда за квалитетот на испорачаните гасови, побаравме странска компанија и денеска се испратени мостри во Германија да се испитаат. Од двете компании кои имаат лаборатории за свои потреби не е увиден никаков недостаток за квалитетот на гасови, освен што има зголемена влага и во два наврати препорачаа да се менуваат филтрите од компресорските станици

Демири рече дека во моментов се користат шест надворешни компресори но само за итни и неодложни интервенции, пред се за случаите на КАРИЛ.

– Ако се приклучат на надворешните компресори – нема миризба, ако се приклучат на централното – миризбата е присутна и необјаснива.Затоа го повикав и Обвинителството, да биде во тек со ситуацијата, кажа министерот.

Јавен обвинител ќе ја испитува ситуацијата на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ која настана со затворањето на хируршките сали, кои повеќе од една недела не работат.