ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Преговорите на коалициските партнери за идната Влада во напредна фаза, средби на...

Преговорите на коалициските партнери за идната Влада во напредна фаза, средби на ВМРО-ДПМНЕ со Вреди и ЗНАМ

142

Преговорите меѓу коалициските партнери за идната Влада се во напредна фаза, но се уште нема конечен договор и се до официјално моментот кога ќе може да се соопшти нема да соопштуваме никакви детали, велат од ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајаќи дека се разговара и за ресори.

Додека преговорите за идната Влада со „Вреди“ се во напредна фаза, доцна синоќа од Движењето ЗНАМ информираа дека била одражана средба за соработка на ниво на потпретседтаели на партии.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски вчера изјави дека се внимава и на персоналните решенија кои што се нудат во коалициските преговори, при што, како што рече, истите не треба да бидат ниту компромитирани на било кој начин и да се посветени кон работата и реформите кои што ќе следат.

Тој, исто така, напомена дека преговарачкиот процес се базира на принципи – на евроинтегративниот процес, борбата против криминалот и корупцијата, како и потребата од одредени реформи за забрзан економски разво.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера од Струга порача дека новата влада ќе промовира и застапува единство и обединување на креативниот и прогресивен потенцијал. Неговата цел, нагласи дека е надминување на сите поделби, победа на омразата и апсолутна и неселективна одговорност.