ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА OЈО постапува по известување од МЗ за неработењето на хируршките сали

OЈО постапува по известување од МЗ за неработењето на хируршките сали

43

Јавното обвинителство истражува зошто веќе една недела се затворени хируршките сали во клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Првите информации се дека се ширел непријатен мирис, а од Министерството за здравство посочиле на проблеми со функцонирање на вентилацискиот систем. Предметот е распореден кај обвинител кој треба да провери дали во овој случај има кривично дело.

По собраните искази и докази обвинителството ќе процени дали постои основа да поведе кривична постапка и против кого. Во моментов приспособени се само три сали за исклучително итни случаи, а пациенти се препраќаат во други болници.

За состојбите на клинички центар денеска реагираа од ВМРО-ДПМНЕ од каде велат дека со потпис со лична согласност, луѓе се оперираат на сопствен ризик. Од партијата обвинуваат дека ДУИ и СДСМ системски го уништуваат здравството до последен ден и дека незапаметен хаос владее на Клиниката за хирургија.