По неофцијалната комуникација меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за влез на партијата на Максим Димитриевски во владиниот кабиент на Мицкоски, од вчера и официјални преговори. Првичниот впечаток на двете страни е дека договор е можен и тоа брзо во нарендите неколку дена. Сепак, за ресори не било разговарано тврдат од ЗНАМ.
Состанокот се одржал синоќа во просториите на ЗНАМ. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ биле потпретседателите Мисајловски и Муцунски, додека пак, од ЗНАМ биле генералниот секретар Минчев, и потпретседателите Бендевска и Арсоски. Клучно на средбата било усогласување на програмите.
Влезот на ЗНАМ ќе значи 2/3 мнозинство во Собранието на идната владина коалиција доколку таа биде заокружена со најавените 61 ВМРО-ДПМНЕ, 14 од коалицијата Вреди како албански партнер и 6-мината на ЗНАМ.
80 народни избраНици пак, се клучни за да се направи потребната реорганизација на министерствата што се најави и при разговорите со Коалицијата Вреди. Засега и од таму остануваат брифинзите дека се уште конечно не е договорено спикерското место во парламентот да припадне на албанскиот партнер. На него најверојатно ќе седне Гаши. Неговата Алтернатива треба да добие и министер за евроинтеграции. Крилото на Таравари се подготвува за вицепремиер за добро управување и министер за здравство. Меџити и Касами пак, веројатно ќе треба да направат распределба на вицепремиерско место и министри за економија, животна средина, социјална политика и односи меѓу заедниците.