Најмалку 11 лица загинаа, а голем број се повредени во торнадото што ги погоди американските сојузни држави Тексас, Оклахома и Арканзас, јавува агенцијата Танјуг, повикувајќи се на АП.
Шерифот на округот Тексас Кук, Реј Сапингтон, изјави дека најмалку седум лица загинале во таа област, меѓу кои две деца на возраст од две и пет години, според американската агенција.
Најмалку две лица загинаа во Арканзас
Се додава дека торнадото предизвикало штета на автопатот што ги поврзува Тексас и Оклахома, како и на домови и далноводи во бројни градови во Тексас, Оклахома и Арканзас, оставајќи 250.000 домаќинства без струја, пренесува Ројтерс.
Топлотен бран
Торнадо го погоди округот Дентон во саботата вечерта, а нема извештаи за повредени, соопштија локалните власти.
Невремето предизвика штета и во градот Клермор, Оклахома, каде урна далноводи, корнеше дрвја и блокираше патишта, соопшти полицијата.
Топлотен бран го зафати југот на Тексас, каде за викендот на некои места се предвидуваат температури и до 49 Целзиусови степени.