ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Девет лица се приведени, пронадена е дрога при претрес на угостителски објекти...

Девет лица се приведени, пронадена е дрога при претрес на угостителски објекти во Скопје

946

Девет лица се лишени од слобода бидејќи кај нив била пронајдена дрога при полициската контрола извршена во повеќе угостителски објекти во Скопје. Приведените се на возраст од 22 до 33 години.

„На 23/24.05.2024 од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје постапено е по план на СВР Скопје, при што извршена е контрола во повеќе угостителски објекти. При тоа лишени од слобода се девет лица, кај кои била пронајдена дрога. При преглед кај К.Л. (31), П.З. (31) и Б.Д. (30) пронајдена е бела прашкаста материја, кај Г.Џ. (30), Л.М. (22), Ж.Ј.(33), А.Ш. (27) и А.Н. (22) пронајдена е марихуана, а кај А.Б. (24) пронајдена е дробилка со марихуана. При контролата е извршено легитимирање и преглед на 59 лица и на 5 патнички возила“ – стои во известувањето од МВР.

ПретходнаАнгелов: ЦУК покрена иницијатива за изградба на пешачки премин на бул. Србија
СледнаСтоилковски: ВМРО-ДПМНЕ разговара за ресори кои се од економска и политичка природа