Синдикалните организации на „Македонска пошта“ информираа дека сите вработени повторно излегоа на протест, изразувајќи го својот револт и загриженост за иднината на „Македонска пошта“ и зачувување на нивните работни места. Велат дека со години претпријатието се соочува со огромна финансиска криза и доведени се до тотален хаос.
Најавуваат штрајк за 7 јуни кога имаат законска можност да го остварат.
-Се уште немаме земено плата и не знаеме кога ќе земеме плата во нареден период. Менаџерскиот тим немаат одговор на прашањето кога ќе земеме пари. Вработените се соочуваат со егзистенцијални проблеми. Македонска пошта која беше симбол на државата, ја доведовме до дното поради лошата кадровска и партиска политика, истакна на прес – конференција, Боро Велигденов – претседател на Синдикалните организации на Македонска пошта.
Тој бара приоритетна задача на новата влада да биде функционирањето на „Пошта“ и да имаат итна средба со членовите на владата.
-2000 семејства ќе останеме на улица и Македонија ќе биде единствен пример во светот каде државна пошта нема да постои, додаде Велигденов.
Тој информира дека последната плата ја земале минатиот месец.
-Вработените си заминуваат поради состојбите и бараат егзистенција на друго работно место, жали Велигденов.