Реакција на Политичката партија Левица
Пред неколку дена, по повод на денот на македонското знаме, 15 мај како и 24 мај празникот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј, срцето од натписот со името на градот Гостивар беше симболично променето во македонското знаме со букви на глаголично и кирилско писмо.
Но, за жал, можеби и очекувано во ситуација на континуирана необалистичка реторика од страна на политичките партии од страна на т.н „албанскиот блок“, срцето на кое во понеделникот беа насликани македонското знаме и букви од кирилицата и глаголицата е осквернавено со илустрации и графити кои се со екстремно навредлива содржина.
Сквернавење кое, дури и да не е извршено од нив, претставува директна последица на големоалбанската и антимакедонската пракса, на целосно непочитување на државните македонски инсигнии (Знаме, Грб и Химна) како и глорификација на инсигниите на фашистичката творба – Голема Албанија која е практикувана од страна на т.н „албанската“ политичка елита.
Ја потсетуваме јавноста дека политичката партија Левица во својата програма се залага за: Воведување на Државен инспекторат за инсигнии кој ќе биде надлежен за контрола и надзор над правилната употреба државните симболи (грбот, знамето и химната) од страна на државните органи, општините и приватните субјекти.