ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Со измама на 75 годишна жена од Кочани и биле земени 4.000...

Со измама на 75 годишна жена од Кочани и биле земени 4.000 евра

141

Во Кочани, 75 годишна жена била излажана од едно лице дека нејзиниот внук прегазил мигрант во Германија, за што и побарал пари за да му помогне.

„Во Одделението за внатрешни работи Кочани, 75 – годишна жена од Кочани синоќа пријавила дека била измамена од едно лице, соопшти МВР. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и ја довело во заблуда дека нејзиниот внук предизвикал сообраќајна несреќа во Германија и згазил лице – мигрант, а доколку сака да му помогне, треба да даде 60.000 евра. Како што е пријавено, подоцна пред нејзината куќа дошло едно лице на кое му дала 251.400 денари“, наведуваат од МВР. За настанот е запознаен јавен обвинител и се работи на негово расчистување.