ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Палчо бараше да го бранат овие адвокати, сите тројца го одбиле

Палчо бараше да го бранат овие адвокати, сите тројца го одбиле

407

Љупчо Палевски Палчо во првото соочување со македонската јавност негираше вина за грабнувањето и убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и на 74 годишниот Панче Жежовски. Тој од истражниот затвор Скопје беше спроведен во Кривичниот суд каде се произнесе за околностите околу неговиот притвор. На Палевски му беше одреден притвор во отсуство, но тој сега негира и дека побегнал од органите на прогон.

„Не бев во бество и не смеам да зборувам поради ситрагата“, рече Палевски кога го спроведуваа од Кривичниот суд.

Кратко одговори и дека нема да се брани со молчење и дека има докази за неговата невиност. Но, не одговори каде бил на денот на убиството на Вања на 27 ноември, минатата година.

Инаку двајца од тројцата кои се осомничени во случајот Влатко Кешишов, Боре Видевски и Велибор Манев кога беа приведени признаа вина и сведочеа дека Палевски е организаторот на грабнувањата и убиствата.

Кривичниот суд го потврди притворот кој започнал со неговото спроведување во затворот во Шуто оризари.

„Постојат околности дека може да се даде во бегство, може да ја попречи кривичната постапка со влијание врз сведоците, и околности кои упатуваат дека ќе го доврши или повтори кривичното дело“, соопштија од судот.

Инаку Палевски има адвокат по службена должност. Тоа значи дека ниту еден од адвокатите кои сакаше да ги ангажира не прифатил. Телма претходно објави дека адвокатите Тони Менкиновски, Јовица Страшевски и Славчо Секулов биле неговиот избор.

Палевски на 15 мај беше екстрадиран во земјава со редовен лет на Туркиш Ерлајнс по околу 5 месеци од неговото апсење во турскиот град Баликесир по меѓународна потерница. Од аеродромот до затворот беше транспортиран со 4 цивилни автомобили на единицата за соработка со Интерпол. Оттогаш тече истрагата за него, а за останатите осомничени е завршена и наскоро се очекува да биде поднесено обвинение.