ПОЧЕТНА СВЕТ Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија

Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија

245

Во силното невреме што го зафати Сомбор и околината околу 17 часот, една жена загина кога дрво паднало врз возилото што го управувала, соопшти денеска српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

Како што изјавил, жената од здобиените повреди починала на самото место, се наведува во соопштението на српското МВР.

Дачиќ ги повика граѓаните да бидат крајно внимателни поради невремето во Србија, за кое предупреди и Републичкиот хидрометеоролошки завод.

Силно невреме го зафати Нови Пазар и околината околу 15 часот, предизвикувајќи прекин на електричната енергија во неколку населби. Силен дожд и град со големина на ореви паѓаа со часови без престан, јавува РТС.