Ние од секогаш сме имале сомневање во ДУИ, нагласи Блерим Сејдиу од коалицијата „Вреди“ во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Ние имавме лошо искуство и од 2016 година, како движење „Беса“. Имавме сомнежи дека тоа искуство ќе се повтори и сега. Не знаевме каде, но бевме убедени дека ќе се повтори некаде. Беше обжалено гласачкото место 2101 во Општина Желино. На крај излезе, како што се сомневавме, Управниот суд, конечно, одлучи таму да се повтори гласањето. Значи, на граѓаните треба да им се дава простор да гласаат демократски и фер. И Управниот суд донесе одлука дека таму имаше злоупотреби“, истакна Сејдиу.
„Кога судот одлучува во корист на партиските интереси, ДУИ им верува на судовите, на крај излегува дека и на судот не му верувате“, се обрати Сејдиу кон Бајрами.