Антонијо Милошоски, член на раководството на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека коалицијата има веќе 61 пратеник, а дека е можно по прегласувањето во среда коалицијата Твоја Македонија да брои и 62 пратеници.
-Точна е изјавата на претседателот на партијата Христијан Мицкоски дека во овој момент ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано 61 пратеник. Со прегласувањето во среда и реалната шанса во Изборната единица 5 да го добиеме единаесетиот пратеник, ВМРО-ДПМНЕ веќе ќе има консолидирано 62 пратеници. Потоа продолжуваат преговорите со коалицијата Вреди, која има 13 пратеници, а можно е да го освојат и четиринаесетиот. И, кога ќе завршат тие преговори, сметам дека ќе се отвори можноста за разговори и со политичката партија ЗНАМ“, изјави Милошоски за ТВ Алфа.
Тој ја повика ДУИ да се подготвува за мирна и цивилизирана транзиција од власт во опозиција, со оценка дека нема право да се повикува на принципот „победник со победник“ бидејќи во 2016 година самата ги прекрши.