ПОЧЕТНА СВЕТ Тринаесет лица се повредени во судирот на возови во Белград

Тринаесет лица се повредени во судирот на возови во Белград

111

Тринаесет лица се повредени во судирот на возови што се случи вчера кај Панчевачкиот мост во близина на Белград. Како што пренесуваат српските медиуми, повредените биле примени во Ургентниот центар, а четворица од нив се со тешки повреди.

Девет патници биле пуштени дома бидејќи немале посериозни повреди.

-Мораше да бидат згрижени 13 лица, меѓу кои машиновозачот, контролорот и двајца патници – сите четворица се пренесени во Ургентниот центар, изјави министерот за транспорт Горан Весиќ.

Жртви нема, а причината за несреќата како што кажа српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ е човечки фактор.

Несреќата се случи вчера во 18 часот и 26 минути во тунелот кај Панчевачкиот мост во Белград, кога патнички воз удрил во задниот дел на товарен воз кој стоел на пругата и чекал да тргне.