ПОЧЕТНА СВЕТ На прагот сме на граѓанска војна – предупреди словачкиот министер за внатрешни...

На прагот сме на граѓанска војна – предупреди словачкиот министер за внатрешни работи по атентатот врз Фицо

162

„Престанете да ширите омраза и поделби, на прагот на граѓанска војна сме“, предупреди словачкиот министер за внатрешни работи, Матуш Шутај Ешток откако премиерот Роберт Фицо преживеа атентат. Ова следи по бројните меѓусебни обвинувања на политичари и партии за тоа, по чија вина е атентатот, а со тоа расте тензијата во оваа централно-европска држава. Граѓаните пред болницата „Банска Бистрица“, каде се лекува премиерот, велат дека ова е ужасно, бидејќи едно е некој да фрли јајце или домат по политичар, а друго е да го застрела.

„Нема потреба да се прават такви работи. Слободно фрлете му домат или јајце или карајте го дека „ти си крадец или убиец“. Но, не доаѓај со пиштол и пукај.

Жал ми е што такви работи се случуваат во Словачка, револтирана сум поради тоа и секако се плашам дека таквите напади ќе се повторат.

Ова е ужасно, такви сурови работи не треба да се случуваат во овој век.“ – Порачаа минувачите.

По настанот кој ја потресе нацијата, тамошната јавност е дополнително поларизирана и поделена, а државните функкционери постојано повикуваат за крај на говорот на омраза и воздражност на новинарите и политичките актери.

„Да излеземе од маѓепсаниот круг на омраза и меѓусебни обвинувања. Тоа што се случи вчера беше индивидуален чин, но тензичната атмосфера на омраза беше наша колективна работа.“ – Порача Претседателката на Словачка, Сузана Чапатова.

Хирурзите со часови се обидуваа да му го спасат животот на 59 годишниот словачки премиер Роберт Фицо. Министерот за одбрана и заменик премиер, пред болницата изјави дека здравствената состојба засега му е стабилна.

„Во текот на ноќта лекарите успеаја да ја стабилизираат состојбата на пациентот. За жал состојбата се уште е многу сериозна бидејќи повредите се комплицирани. – Изјави министерот за одбрана и заменик премиер на Словачка, Роберт Калинак.

Премиерот Фицо беше неколкупати застрелан за време на средба со граѓани.

Напаѓачот е 71-годишниот Јурај Чинтула, писател и основач на литературен клуб. Мотивот му бил политички, вели дека не се согласувал со политиката на владата против слободата на медиумите. Тој во моментов се соочува со 25 годиншна или доживотна казна затвор. Тамошните медиуми го поврзуваат со про-руски организации, додека пак словачката опозицијата целосно се огради од него.