ПОЧЕТНА СВЕТ Во Драч татко ги држел своите две две деца како заложници и...

Во Драч татко ги држел своите две две деца како заложници и пукал кон полицијата со автоматска пушка

139

Вистинската драма се одвивала ноќеска во албанскиот пристанишен град Драч, каде лицето Алекс Марку (40) ги земал во заложништво неговите две деца, на возраст од 6 и 11 години и почнал да пука со калашников.

Полицијата била известена од страна на преплашените соседи па на местото на настанот набрзо пристигнале бројни полициски екипи, зајакнати од специјалната единица “Ренеа”.

По неколкучасовни преговори полицијата утрово успеала да ги спаси децата и да го уапси осомничениот. Марку, кој живее во Лежа, изнајмил стан на седум дена и таму ги донел своите две малолетни деца.

Полицијата неколкупати го повикала Алекс да ги пушти децата да се предадат, а тој одбил и со калашников пукал низ прозорецот во правец на полицијата.

Во станот полицијата пронашла калашников, поголема количина муниција и 18 чаури.

ПретходнаФК Вардар се најде на листата на УЈП, должи 800.000 евра
СледнаГерасимовски: Пријавувајте проблеми со јавна чистота, досега пријавени 159 проблеми