ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Тешко повредена 21-годишна девојка од Куманово, со велосипед удрила во пешак на...

Тешко повредена 21-годишна девојка од Куманово, со велосипед удрила во пешак на Партизанска

152

Дваесет и едногодишна кумановка е тешко повредена откако вчера на Партизанска со велосипед удрила во пешак од Арачиново.

„Вчера во 08.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, велосипед управуван од Т.З.(21) од Куманово удрил во пешакот С.Ш.(45) од с.Арачиново, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила велосипедистката, а со телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ “, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.