ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Вонредни најави од УХМР – Доаѓа невреме низ Македонија и посвежо време

Вонредни најави од УХМР – Доаѓа невреме низ Македонија и посвежо време

125

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во овој период претежно во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со повремен пороен дожд и ретки грмежи.

Понестабилно ќе биде утре и во четврток кога наместа ќе има изолирана појава на пообилен дожд и ретки грмежи. Најсвежо ќе биде во среда и четврток, а потоа температурата ќе се покачи.