ПОЧЕТНА СВЕТ Разрешен командантот на украинската армија задолжен за фронтот кај Харков

Разрешен командантот на украинската армија задолжен за фронтот кај Харков

104

Украинскиот командант одговорен за фронтот на североистокот на Харков е сменет за време на руската офанзива во таа област, соопшти денеска портпаролот на украинската армија Назар Волоши

Тој информираше дека за нов коамндант на тој дел од фронтот Киев го назанчил бригадниот генерал Михаило Драпатџи, пренесува Ројтерс.

Киев во петокот објави дека руските сили се обиделе да ги пробијат украинските одбранбени линии во регионот на Харков.

Генералштабот на вооружените сили на Украина денеска соопшти дека продолжуваат тешките борби со руските сили во правецот Харков и дека ситуацијата динамично се менува, пренесуваат западните агенции.

Украинскиот Генералштаб наведува дека во моментов траат жестоки борби во тој дел од фронтот и и дека Русија во моментов постигнала тактички успех.

ПретходнаДоларот благо зајакна, цената на нафтата падна
СледнаКоста К. паднал во депресија по годишнината од масакрот: Момчето убиец со денови не зборува