ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Прв чартер лет на шпанска Ибериа на Скопскиот аеродром

Прв чартер лет на шпанска Ибериа на Скопскиот аеродром

123

Прв чартер лет на шпанската национална авиокомпанија Иберија од Мадрид , слета на Меѓународниот Аеродром Скопје. Слетаа 120 шпански туристи во земјава вклучувајќи и шпански блогери кои ќе ја истражуваат Македонија во следниот период.

-Овој лет е резултат на соработката на домашниот тур-оператор Balkan Prime Tours и шпанскиот тур-оператор Sama Travel. Станува збор за пробен лет, кој е плод на иницијативата и активностите на ТАВ Македонија и македонскиот тур-оператор Balkan Prime Tours во изминатите неколку години, со цел отворање директни летови до Шпанија.Со овој лет на Ибериа, шпанските туристи ќе ја запознаат Македонија како туристичка дестинација, со цел да се создаде побарувачка за авионско поврзување меѓу #Скопје и #Мадрид и од страната на Шпанците, а врз основа на тоа авиокомпанијата Iberia следната година да отвори сезонски летови до шпанската престолнина, појаснуваат од ТАВ во објавата.

За пристигнувањето на шпанските туристи и блогери и првиот чартер лет во соопштение информира и македонскиот дојдовен тур-оператор Balkan Prime Tours.

-Ова е резултат на активностите на Balkan Prime Tours во изминатите неколку години, на контакти со нашите колеги во Шпанија, со што се надеваме дека ќе ја направиме Македонија атрактивна дестинација за шпанските туристи, и дека тие во иднина ќе доаѓаат во што поголем број, вели во пишана изјава Влатко Сулев оперативен директор на Balkan Prime Tours.