ПОЧЕТНА ЕКОНОМИЈА Доларот благо зајакна, цената на нафтата падна

Доларот благо зајакна, цената на нафтата падна

45

На валутните пазари вредноста на американскиот долар благо порасна во однос на кошничката валути.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 105,35 поени, додека во петокот на затворањето на тргувањето изнесуваше 105,30 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 155,75 на 155,90 јени. А во однос на европската валута доларот стагнира, па цената на еврото се движи околу 1,0770 долари, колку што беше во петокот навечер.

Цените на нафтата, пак, паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево ослабе за 0,33 отсто, на 82,50 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,28 отсто, на 78,10 долари.