ПОЧЕТНА СВЕТ Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше извршена...

Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше извршена трансплантација на бубрег од свиња

333

Првиот примател на генетски инженерски свински бубрег почина речиси два месеци по операцијата.

Во март, хирурзите од општата болница во Масачусетс му пресадиле генетски модифициран бубрег од свиња на Ричард Слејман (62), во терминална фаза на бубрежна болест.

Операцијата е пресвртница во ксенотрансплантацијата — трансплантација на органи или ткива од еден вид на друг — како потенцијално решение за светскиот недостиг на органи, соопшти тогаш болницата.

Смртта на Слејман не е поврзана со трансплантацијата, соопшти болницата во саботата.

„Нашето семејство е длабоко погодено од ненадејната смрт на нашиот сакан Рик, но ние сме толку утешени што тој инспирираше толку многу луѓе“, рече неговото семејство.

Семејството на Слејмон му оддаде почит на медицинскиот тим кој се грижеше за него.

„Нивните напори во управувањето со ксенотрансплантацијата ни дадоа уште седум недели со Рик и спомените за тоа време ќе останат во нашите срца“, велат тие.

Свинскиот бубрег беше генетски модифициран за да се отстранат штетните свински гени и да се додадат одредени човечки за да се подобри компатибилноста со луѓето.

Научниците, исто така, деактивираа свински ендогени ретровируси кај свињата донатор за да го елиминираат ризикот од човечка инфекција.

Болницата соопшти дека е „длабоко тажна“ поради смртта на Слејмон.

„Немаме индикации дека ова е резултат на неодамнешна трансплантација“, велат тие.

„Господинот Слејман засекогаш ќе остане светилник на надеж за безброј пациенти ширум светот и ние сме длабоко благодарни за неговата доверба и подготвеност да го унапреди полето на ксенотрансплантација“, велат тие.