ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА „Играта се уште не почнала“ – Ахмети: Емоциите да се остават настрана,...

„Играта се уште не почнала“ – Ахмети: Емоциите да се остават настрана, потребна ни е стабилност

581

„Играта се уште не почнала“.

Ова го изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на денешната средба со лидерите на коалицијата Европски фронт.

Три дена по изборите, кога ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ веќе почнаа да комуницираат за заедничко владеење, Европскиот фронт, настојува дека тие се легитимни застапници на заедниците кои не се мнозинство во земјава.

За усогласување на ставовите во врска со ова, во Скопје се собраа сите лидери на партиите кои го сочинуваат Европскиот фронт.

Али Ахмети упати повик носталгиите, инаетот и разликите да се остават настрана, бидејќи за тие работи нема место во политиката.

„Убедени сме дека никогаш како сега на нашата земја и е потребна стабилност, мир, добри меѓуетнички односи, нула проблеми со соседите и полноправно членство во ЕУ. Ќе кажам уште еднаш, емоциите да се остават настрана и да направиме обиди сите да изградиме оддржлива државна структура и овие капацитети се кај Европскиот фронт, подготвени да бидеме дел од тоа и носители на процесите“, вели Али Ахмети.

За прв пати Ахмети ја прочита заедничката декларација за која тврди дека е потпишана од лидерите на албанските парти каде се вели „ сега и во иднина да соработуваме и да владееме заедно само со оние политички партии кои се согласуваат да ги поддржат уставните измени како услов за продолжуванье на процесот на интеграција на земјата во ЕУ.

„Потписи на партиски претставници Арбен Таравари, Африм Гаши, Али Ахмети, Билал Касами, Изет Меџити“, вели Али Ахмети.

Досега од коалицијата ВРЕДИ имало различни изјави за овој договор. Арбен Таравари потврди дека постои џентелментски договор дека нема да влезат во влада без уставните измени, но без да прецизира дали тоа е потпишано. Од друга страна Изет Меџити тврди дека не постои таков документ.

Зборувајќи за овој договор, претседателот на АА, дел од Европскиот Фронт, Зијадин Села, вели дека нивната партија го почитува дадениот збор и ќе продолжи до крај да ги реализира нивните ветувања.

„Ветувањата што им ги дадовме на граѓаните заедно ќе ги исполниме, даденото ветување дека земјата што поскоро ќе стане дел од ЕУ, наскоро тоа ветување дадено на граѓаните ќе го исполниме“, вели Зијадин Села.

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, изјави дека уставните измени не може да ги направи само Европскиот фронт. Се обратија и другите лидери на Европскиот фронт, кои велат дека треба да се почитува волјата на граѓаните.