Укината пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово…За двајцата директори на Клиничкиот центар во Тетово, Артан Етеми и Флорин Бесими кои првично беа осудени на условни казни затвор , ќе има ново судење додека пак докторот Бобан Вучевски, доби потврда на ослободителната пресуда… Тетовскиот суд минатата година изрече првостепената пресуда за тројцата обвинети за пожарот во модуларната болница, во која животот го загубија 14 лица…Но како што велат од апелациониот суд во гостивар, првостепениот суд не постапил доволно внимание за со сигурност да ги утврди сите релевантни факти …
Апелационен суд Гостивар
„Ваквата воопштена и нејасна констатација на првостепениот суд, укажува на постапување на судот спротивно на член 408 став 6 од ЗКП, според кој во образложението на пресудата судот е должен да ги изнесе причините за секоја точка од изреката, а особено фактите што ги цени како докажани или недокажани и од кои докази ги утврдил тие факти, од кои причини не уважил одделни предлози на странките, од кои причини се раководел при решавање на правните прашања и кои околности ги зел предвид при одмерувањето на санкцијата, односно отсуството на образложени причини за решителни факти, ја прави обжалената пресуда нејасна, неразбирлива и неподобна за целосно испитување по однос на нејзината правилност, на што основано се укажува во изјавените жалби на обвинетите.“
Во однос на жалбата на осоновното јавно обвинителство тетото за ослободителната пресуда за докторот вучевски, од апелација гостивар велат дека тие се неосновани…На докторот му се судеше бидејќи дозволил влез на роднини во болничките соби, иако тоа било забрането.
Дарко Котески – адвокат
„Со Пресуда КЖ.бр.318/23 на Апелациониот суд во Гостивар, д-р Бобан Вучевски е конечно ослободен од кривичното дело за кое се обвинуваше за пожарот во модуларната болница. Тука завршува овој судски процес за Др. Бобан. Им се заблагодаруваме на сите граѓани, кои ни даваа подршка во борбата за правда за Др.Боби и која правда ја докажавме.“
Во големиот пожар кој ја зафати модуларната болница во тетово во 2021-ва година загинаа 14 лица, од кои 12 пациенти кои се лекуваа од Ковид-19 и уште дваца посетитиели…Покрај двајцата директори и докторот, казна од 1 милион денари и беше изречена и на Клиничката болница во Тетово…