![vredi](https://citaj.mk/wp-content/uploads/2024/04/vredi.png)
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски утре ќе се сретне со коалицијата ВРЕДИ. Се очекува Мицкоски да ги почне разговорите за „поделба на колачот“ и за формирање на нова Влада.
Извори од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Таравари го бара министерството за здравство, на Изет Меџити од Демократско движење би можело да му припадне министерството за политички систем, а наводно и директорско место во царинската управа. Алтернатива на Африм Гаши е заинтересирана за министерството за економија и министерството за образование, додека Биљал Касами од БЕСА ќе го сака министерството за култура.
ВМРО-ДПМНЕ наводно бара да биде нивно местото претседател на Собранието, потпирајќи се на аргументот дека имаат 58 пратеници, наспроти ВРЕДИ кој има 13.