Техничкиот премиер Талат Џафери на денешната прес-конференција на новинарско прашање во врска со тоа кој дозволи Владата да обрасне со висока трева одговори дека тоа не е слика што треба да се види, но додаде дека тоа е во надлежност на Градот Скопје и градоначалничката Данела Арсовска. Џафери посочи дека тие се незадоволни од неработењето на оваа институција, а од Арсовска незадоволни се и граѓаните што го покажаа резултатите на парламентарните избори.
„Ова не е слика што треба да ја имаме за Владата, но тревата е во надлежност на Град Скопје. Ние не сме задоволни од тоа што дворот е неуреден, но Владата не може да одвои средства за тоа бидејќи тоа не е во наша надлежност. А за Град Скопје и за градоначалничката одговор дадоа и граѓаните, а тоа го покажаа резултатите од нејзината партија во што секако се гледа незадоволството и на граѓаните“, одговори Џафери.