ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Трендот на земање едно гласачко ливче присутен и на дел од избирачките...

Трендот на земање едно гласачко ливче присутен и на дел од избирачките места во Скопје

207

Македонија избира Шеф на дражвата, претседател на Владата и нов пратенички состав – граѓаните излегоа да го остварат своето право на глас – но не секој од нив се одлучи да земе од двете избирачки ливчиња.

Екипи на Канал 5 од рано утринава беа во обиколка на неколку избирачки места, во општина Центар, Чaир….

Oд она што го забележавме на терен, иако имаше граѓани кои гласаа за двата вида на избори, имаше и граѓани кои го остварија своето право на глас, но одбраа да гласаат само за парламантарните избори.

„Само едни, да ти кажам право само парламентарни, а за претседател тешко да има сега..“

„Да за давата…и за парламентарни и за претседателски…“

„И едно и друго, само да даде господ нешто малце да се смени…“

Велат надеж за подборо утре имаат, но не очекуваат некој поголеми промени.

„Дај бог да има нешто да биде подобро….“

„Сигурно ќе биде нешто подобро мора да имаме некоја вера. “

„Па вајда некој промени нешто подобро….“

„Би сакала луѓето да бидат слободни и да ги остварат своите права….“

Согласно новите насоки од Државната изборна комисија на денешните двојни избори од страна на членовите на Избирачкиот одбор на граѓаните им се поставува прашањето „Дали сакаат да гласаат за двата вида избори, или само за парламентарни или претседателски“.

-Ќе гласате и за парламентарни и за претседателски избори – ДА.

А дека имало реакции од граѓани посочија и дел од претседателите на некој од избирачките места, велат добиле поплаки дека прашањето го чувствувале како притисок.

„Имаше неколку прашуваа го чувствуваа тоа како притисок, но бидејќи е тоа насока од ДИК им објаснувавме и се поминува во ред потоа.“-изјави Лазар Јованов – Претседател на Избирачко место 2683.

Сите 3 480 избирчаки места во земајва беа отворени навреме.

За вториот круг од претседателските избори да биде успешен, односно да се избере претседател, потребно е на гласање да излезат најмалку 40% од вкупниот број на запишани избирачи.