ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Мицкоски: Успеавме, успеавте, историска победа на народот

Мицкоски: Успеавме, успеавте, историска победа на народот

198

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одржа прес-конференција каде што објави голема победа и на парламентарните и на претседателските избори.

„Успеавме, успеавте. Македонија победи. Историска победа на народот. Победи Македонија која е на Македонците, Албанците, Турците, Србите, на Власите, на муслиманите, атеистите, на гордиот народ. Падна владата, и има причина за тоа. Криминалот, корупцијата, одземената држава, тендерите, непотизмот, и уште 100 други последици кои направија државата да страда, а народот да е разочаран. Вечерва конечно се поразени.

Поразени се и предавствата, поделбите, тие 100 луѓе од ДУИ и СДСМ кои мислеа дека се господари на нашите животи. Нив денеска ги боли главата, има и зошто. Ќе одговараат до последниот, секој кој направил криминал и спровел корупција, одговорност мора да има која ќе се темели на правда и закони. Поразен е и бојкотот на ДУИ. Ова на нашата победа дава посебно задоволство. Народот покажа дека нема да дозволи поединци да создаваат кризи, и преку институции да се штитат себе си. А, ДУИ покажа дека се партија која најмалку се грижи за Македонија, и се им се удри во глава. Време е со СДСМ да одат во опозиција. Народот им одржа лекција и си ја врати државата. Македонија ќе има иднина која ќе се темели на вредност и надеж. Вечерва има причина за славје. Го паметам секое ветување, и ќе дадам последен атом од моите сили да се оствари и да не го разочараме народот. Вечерва се покажа дека нема Македонија на ДУИ, нема Македонија на СДСМ, ниту на ВМРО-ДПМНЕ, или било која политичка партија, има само една вечна, независна и слободна Македонија“, изјави Мицкоски.