ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Излезеноста до 9 часот за парламентарните избори 4,45 отсто, а за претседателските...

Излезеноста до 9 часот за парламентарните избори 4,45 отсто, а за претседателските 4,17 проценти

72

Излезеноста за вториот круг претседателски избори до 9.00 часот утрово е 4,17 отсто, согласно податоците од 1 009 избирачки места каде гласале 22 797 лица. Најголема е излезеноста во Пробиштип, 8,85, а најмала во Боговиње, 0,57. За парламентарните избори, пак, излезеноста е 4,45 отсто, покажуваат податоците од 1 033 избирачки места каде гласале 25 132 избирачи. Излезеноста е најголема во Кривогаштани, 9,46 отсто, а најмала во Боговиње, 1,43, соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски.

На првата прес-конференција по почетокот на денешното гласање, Даштевски информира дека сите избирачки места се отворени, а на неколку има технички проблеми кои тековно се решаваат од страна на ДИК. Добиени се и 15 проговори за избирачко право од кои три се одбиени.

-Споредбено со вториот круг претседателски избори од 2019 година излезеноста е намалена за 1,99 отсто. Во однос на парламентарните избори во 2020 година исто така има намалување, за 0,74 отсто, рече Даштевски.