ПОЧЕТНА СВЕТ Слета првиот авион со кинеска делегација во Белград, со Си ќе пристигнат...

Слета првиот авион со кинеска делегација во Белград, со Си ќе пристигнат 400 претставници

133

Членови на кинеската делегација, министри и претставници на институции пристигнаа во Белград во рамки на дводневната посета на Србија, која денеска ќе ја започне кинескиот претседател Си Џинпинг.

Вицепремиерот и министер за финансии на Србија, Синиша Мали заедно со министерот за трговија Томислав Момировиќ ги чекаа првите гости од Кина и ги пречекаа на аеродромот.

Претседателот Си вечерва ќе го посети Белград, а ќе ја предводи 400-члената кинеска делегација во Србија, објави Курир.