ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Лични документи може да се подигнат и утре, соопшти МВР

Лични документи може да се подигнат и утре, соопшти МВР

66

Од 8 до 19 часот утре, на денот на Претседателските и Парламентарните избори, ќе работи Одделот за граѓански работи односно сите отсеци за управни работи на оваа организациска единица при Министерството за внатрешни работи.

-Исто така, ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 3 мај 2024 година, се веќе изготвени и граѓаните може да ги подигнат – информира МВР.