На овој експресен пат од почетокот на годината досега во три тешки сообраќајки, животите ги загубија пет лица.
Скопјанец загина, а неговата сопруга и двете малолетни деца на возраст од 8 и 13 години се повредени откако со возило излетале од експресниот пат Штип -Кочани.
Несреќата информира МВР, се случила доцна синоќа околу 02:45 часот во близина на с.Крупиште.
Со возилото управувала С.М.(34) од Скопје, кое излетало надвор од коловозот.
-По несреќата, возачот и сопатниците И.М.(39) од Скопје и двајца малолетници биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде што кај И.М. била констатирана смрт, додека кај возачот и малолетниците биле констатирани телесни повреди, информира МВР.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.
На овој експресен пат од почетокот на годината досега во три тешки сообраќајки, животите ги загубија пет лица.