ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

54

СВР Штип поднесе кривична пријава против 53-годишниот Д.Д. и 54-годишниот П.Д., двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, извести МВР.

„На 22.02.2024, по претходна расправија околу сообраќајот, пријавените физички нападнале полициски службеник“, соопшти МВР.