Според портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, во сообраќајната несреќа се судриле два автомобила, марка „опел“ и „пасат“
Две лица загинаа, а едно е повредено во сообраќајка која попладнево се случила на магистралниот пат Радовиш–Штип.
Според портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, во сообраќајната несреќа се судриле два автомобила, марка „опел“ и „пасат“.
„Во сообраќајната несреќа загинаа двајца возачи, а сопатничката на едното возило е пренесена во штипската болница“, информира портпаролката.
Според нејзините информации, полицијата повеќе детали за несреќата најавува дека ќе бидат објавени во текот на утрешниот ден.
Увид на местото на несреќата врши јавен обвинител.